ЗАЕВ ПОБАРА ОДЛУКА СЕГА И ВЕДНАШ: На европските лидери им порача да бидат наши херои
Македонскиот премиер Зоран Заев на заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека македонскиот народ е во големо исчекување.
Заев рече дека сега и веднаш ни треба одлука за почнување на преговори.
„Политички и институционално сме подготвени да ги почнеме преговорите“, рече тој.
Заев вели дека ако не ја добиеме заслужената позитивна одлука, ќе следи големо разочарување.
„Бидете наши херои“, се обрати Заев до европските лидери.
До народот порача дека од ова искуство ќе излеземе посилни и поискусни.
Слично
