Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев побара да се гласа за доверба на Владата

Заев побара да се гласа за доверба на Владата

Премиерот Зоран Заев во Собранието денеска побара пратениците да гласаат за доверба на Владата. 

Заев рече дека треба некои работи да расчистат и да го покажат на дело тоа мнозинство.  Премиерот бара да се види дали има стабилна власта или не. 

„Ова е моментот кога треба да видиме колку може да ѝ се верува на опозицијата која постојано тврди дека ќе ја урне Владата и ќе формира нови мнозинство. Со лажни вести и блокади се создава политичка несигурност. Нема да го дозволам тоа, изјави Заев. 

Тој вели дека вистината ќе се види веднаш. 

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека најдобро би било да имало 3 дена расправа и да укажат на аномалиите. Според него, власта немала храброст. Укажа дека имаат многу грешки во работењето, има скандали, а нема вакцини против коронавирусот. 

Според член 217 од собранискиот Деловник, Собранието гласа за (не)доверба на Владата по истекот на третиот ден од денот на поставувањето на прашањето за доверба. Во случај кога прашањето за доверба го поставува претседателот на Владата, усно на седница на Собранието, пратениците гласаат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето, како што е наведено во овој член од Деловникот, има право да му се обрати на Собранието.

Слично

Поврзани вести