Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев побара од Австралија да размисли за признавање под уставното име

Заев побара од Австралија да размисли за признавање под уставното име

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од Едмонд Адеми, министер задолжен за односи со дијаспората, денеска оствари средба со делегација од Австралија предводена од министерката за надворешни работи Џули Бишоп.

Тој  упати апел до министерката Бишоп, австралиската Влада уште еднаш да ја разгледа можноста да ја признае Република Македонија под уставното име. Сепак, министерката Бишоп не даде информации за такво нешто туку само ги потенцираше добрите односи меѓу двете земји благодарение на големата македонска дијаспора која е многу активна во Австралија и се интересира за Македонија како земја од каде потекнува.

– Се надевам во иднина да ја подобриме соработката, затоа што владите се тука да им помагаат на граѓаните – рече Заев на средбата.

Премиерот, пред министерката за надворешни работи го покрена и прашањето за отворање на конзулат на Австралија во земјава, кој, како што рече тој, би им било од голема полза на нашите иселеници и на нивните семејства тука.

Честитајки му го изборот за премиер на господинот Зоран Заев, министерката Бишоп рече дека, посетата на Република Македонија ја убедила дека Владата врти нова страница за да испише ново поглавје во односите помеѓу двете земји.

Во Австралија има и многу побројна грчка дијаспора која секогаш се противи отворање на прашањето за уставното име на Македонија.

Слично

Поврзани вести