Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев по втор пат негативен, а карантинот на Мицкоски заврши

Заев по втор пат негативен, а карантинот на Мицкоски заврши

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на Фејсбук објави дека е негативен и на вториот тест за коронавирус.

„Денеска согласно здравствените протоколи ми беше направен и втор тест за присуство на коронавирусот, кој како и првиот тест е негативен“, напиша Заев.

Тој упати поддршка за брзо оздравување на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и до сите граѓани кои се справуваат со вирусот.

Се надева дека премиерот Оливер Спасовски и министрите ќе имаат негативни тестови.

Заев како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се во самоизолација, откако имаа контакт со новинар позитивен на Ковид-19. 

„Мојот карантин завршува, се посветувам на моите редовни активности. Овој Велигден е поразличен од оние кои ги паметиме“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој кажа дека со седењето дома со најблиските за празникот, ќе се спасат човечки животи.

Слично

Поврзани вести