Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев на средбата со ОБСЕ барал помош за стабилизација на земјава

Заев на средбата со ОБСЕ барал помош за стабилизација на земјава

На денешниот состанок со високите претставници на ОБСЕ, Заев рече дека следат реформи на институциите со цел стабилизација на државата.

Првиот лидер на СДСМ посочи дека на средбата биле дадени сите нивни согледување во однос на случувањата во земјава во изминатиот период.

Заев искажа уверување дека ОБСЕ може да и биде од помош на државата за имплементирање на реформите што и претстојат на Македонија.

„Реформите во државните институции, во правосудството, во тајните служби, реформите во МВР, па дури и реформите во медиумите, сите можат да бидат од голема помош за стабилизација на земјата, за функционирање на институциите и гаранција дека никогаш повеќе нема да се случат вакви настани“, рече Заев додавајќи дека СДСМ како партија од парламентарното мнозинство, стои целосно на располагање и потврдиле офцицијално барање да се вклучи ОБСЕ и да помогне во сите идни процеси.

Слично

Поврзани вести