Заев по средбата со Могерини: Нова енергија во односите меѓу Македонија и ЕУ
Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел се сретна со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини.
„Нова енергија во односите меѓу Македонија и ЕУ“- напиша Заев на Фејсбук по средбата со Могерини.
Премиерот денеска ќе се сретне и со еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јан Столтенберг.
„Владата е целосно посветена со конкретен план за реформи заедно со
инсистуциите на ЕУ, посветено да работи и на изнаоѓање решенија за отворање на
поглавјата 23 и 24, како суштински, не само за процесот на преговори, туку и за
реформите на домашен план кои треба да ја вратат довербата на граѓаните во
институциите и владеењето на правото “ - порача Заев пред доаѓањето во Брисел.
Во Брисел се и вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
