Заев по средбата со Билт најавува деблокирање на демократскиот процес и избор на влада
По средбата со шведскиот дипломат лидерот на СДСМ најави деблокирање на демократските процеси и брзо формирање на влада.
Од кабинетот на Заев соопштуваат дека двајцата функционери констатирале
дека демократските процеси се неопходни за
напредокот на Република Македонија и дека мора да се овозможат низ почитување
на Уставот и законите од страна на сите политички субјекти и институции во
државата.
„Парламентарното мнозинство ја презема обврската да го деблокира демократскиот процес во Парламентот согласно Деловникот, Уставот и законите. Ќе биде брзо избран новиот претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта“, рекол Заев.
Меѓудругото нагласено е дека се недозволиви разгорувања тензии и насилства што се противуставно дело на штета на државните интереси и дека секој кој би се впуштил во такви активности ќе мора да понесе одговорност.
