Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев по средбата со Бејли - Силна борба со корупцијата и посветување на реформите

Заев по средбата со Бејли - Силна борба со корупцијата и посветување на реформите

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев по средбата со амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли истакна дека сега е време за целосна посветеност на ветените реформи, да се засили борбата против организираниот криминал и корупцијата и да се подобри владеењето на правото.

Осврнувајќи се на говорот на Премиерот на конференцијата „Странски терористички борци, промовирање превенција и отпорност“, амбасадорот на САД  ја истакна подготвеноста на Соединетите Држави да ги поддржува своите партнери во справувањето со овие глобални закани во зајакнувањето на капацитетите на институциите како што е Националниот комитет за за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев се заблагодари за честитките за спроведувањето на изборниот процес, и истакна дека победата на изборите и големиот број освоени градоначалнички места за коалицијата што ја предводеше на изборите, во исто време е и голема одговорност и дека претстои период во кој освоената доверба ќе треба да се оправда.

Премиерот Заев додаде дека инсистира на чесно, одговорно и отчетно спроведување на политиките на централната и на локалната власт, и дека за сите отстапувања од овие принципи ќе следуваат реакции на институциите кои треба да го спроведуваат законот еднакво за сите.

Претседателот на Владата на РМ нагласи дека во спроведувањето на суштинските реформи владата останува на заложбата тој процес да биде исклучително инклузивен и дека во овие активности очекува поактивно вклучување на опозицијата и на другите чинители.

Премиерот Заев се заблагодари на поканата да земе учество на конференцијата посветена на справувањето со екстремното насилство и борбата против тероризмот и нагласи дека Владата на Република Македонија ќе продолжи понатаму да ги надградува националните политики во оваа сфера и дека ќе ја поддржува меката превенција и работата на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.


Слично

Поврзани вести