Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев по Самитот во Подгорица: Македонија стабилно и енергично чекори напред

Заев по Самитот во Подгорица: Македонија стабилно и енергично чекори напред

Овој самит беше одлична можност да дискутираме за напредокот на нашата соработка и иднината на Јадранската Повелба, вели премиерот Зоран Заев кој денеска престојуваше во Подгорица. 

Вели дека ја препознале вредноста на сеопфатната политичка, одбрамбена и економска соработка помеѓу  земјите, споделување на искуствата од реформите, интеграцијата и интензивирањето на регионалната соработка.

„Продолжуваме да се водиме од вербата дека евроатлантските интеграции на регионот, базирани на солидарност и демократски вредности, се неопходни за долгорочна стабилност на регионот и на целиот континент. Предизвиците со кои се соочува регионот, се истите за сите народи низ светот. Денешните закани не познаваат национални граници. Не е само идеализмот она што ги води народите од регионот да се поврзат со останатите Европајни  и не е иделизам кога бараме да споделуваме обврски во контекст на НАТО. Се работи за препознавање на нашите заеднички интереси кои ни покажуваат дека си требаме едни на други. Сите членки на повелбата треба да ја користат можност самостојно и заеднички да го држат ова прашање на агендата на Алијансата. Само преку заедничка работа и заради бенефит на регионот, можеме да ги достигнеме нашите заеднички вредности и успешно да одговориме на заедничките закани и предизвици“ - вели Заев. 

Конечно, нашите граѓани разбираат дека градењето на силна демократија, почит на човековите права, добро управување, работни места и образование, како и кохезивни општества, кои знаат да одговорат на предизвиците – се исто така стратешка инвестиција, додава премиерот. 

Според него, последно, но не помалку важно, е овие заложби да можат да ги остварат со силна поддршка од страна на САД. 

„Република Македонија стабилно и енергично чекори напред. Владата на РМ, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО. Убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи храбро влеговме во реформските процеси, се отворивме за интензивна соработка со соседите, покажавме одговорност кон меѓународната заедница дека сакаме и можеме да придонесуваме за колективните процеси за стабилен  незбеден свет. Тоа е препознаено. И со право очекувам Република Македонија да биде 30-тата земја членка на алијанската и ќе работиме за таа цел, заедно со граѓаните! Тоа е патот на Република Македонија кон мир и стабиност, но и кон прогрес и напредок. Тоа се перспективи за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на регинот“ - порача Заев. 

Тој смета дека Македонија е на вистинскиот пат кон остварувањето на своите цели. 

Слично

Поврзани вести