Заев по обраќањето на Пендаровски: Целосно се согласувам со претседателот
Премиерот Зоран Заев по предновогодишното традиционално обраќање на претседателот Стево Пендаровски во Собранието објави дека целосно се согласува со пораките од страна на шефот на државата.
„Придонесот што претседателот Пендаровски го даде од аспект на борбата со коронавирусот и во период кога немавме функционално Собрание, го премости периодот до изборот на новата Влада, со што се создадоа и сите предуслови за решителен институционален одговор на здравствено-социјалната и економската криза.
Го поздравуваме фактот што со претседателот Пендаровски сме едномислени во однос на одбраната на државните позиции и интереси за нашата иднина во ЕУ, како и во пристапот за решенија за прашањата со Бугарија.
Од неговото обраќање е јасно дека делиме заеднички став и едногласност дека за македонските идентитетски прашања – јазикот и националната припадност како Македонци, нема преговори. Тие се потврдени и меѓународно признаени.
Се потврдува и нашето заедништво и благодарност и во однос на поддршката што ја добиваме од албанскиот и од сите други народи во нашата земја, за разбирањето за нашите напори да го сочуваме и промовираме македонскиот идентитет.
Тоа е силна потврда и на нашето заедничка чувство дека државата доби многу со членството во НАТО, но и силна поткрепа на нашата категорична определба дека полноправното членство во Европската Унија нема алтернатива“, гласи оценката на Заев.
Слично
