Заев по изјавата на Борисов: Нема договор потпишан од поединци
Нема договор потпишан од поединци, вели претседателот на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев по најновите најави од Бугарија дека може да ги блокираат преговорите.
Заев кажа дека не може да реагира на изјавата на Борисов, затоа што тој веќе не е премиер.
Вели дека бугарскиот премиер, Бојко Борисов му е личен пријател, и дека македонскиот и бугарскиот народ сакаат да бидат пријателски настроени.
Тој верува дека ќе се најде решение и за ликот и делото на херојот Гоце Делчев.
Борисов изјави дека не треба да си поставуваме невозможни услови.Тој инсистира на спроведување на Договорот за добрососедство кој е услов. Вели дека ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да блокира.
Слично
