Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев по две години од потпишувањето на Преспанскиот договор: Вредеше!

Заев по две години од потпишувањето на Преспанскиот договор: Вредеше!

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, од денешна перспектива, по повод две години од потпишувањето на Преспанскиот договор, смета дека изминатиот период покажал дека се исплателе сите напори и предизвици пред и по постигнувањето на оваа спогодба.

„Денес одминуваат точно две години откако го потпишавме Договорот од Преспа. Денес слободно можеме да кажеме – ВРЕДЕШЕ! Вредеше затоа што станавме полноправна членка на најсилниот воено-политички сојуз во светот – НАТО. Седиме на иста маса, рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните. Македонската иднина е обезбедена, а границите засекогаш сигурни.

Вредеше затоа што Преспанскиот договор нѐ донесе чекор поблизу до Европската Унија и конечно ги отворивме вратите на нашата ЕУ интеграција. По 15 години чекање почнуваме преговори за членство. НАТО и ЕУ се наша силна поддршка за развој, но и за соочување со предизвиците и опасностите како што е коронавирусот. Изминатиот период добивме голема помош и поддршка од нив“, вели Заев на својот профил на Фејсбук.

Поранешниот премиер смета дека Договорот од Преспа ја подобрил политиката со соседите и влијаел позитивно на економскиот развој на земјата.

„Вредеше затоа што денес имаме соседи кои силно нѐ поддржуваат. Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не нѐ блокира, туку и го помага нашето забрзано интегрирање.

Вредеше затоа што обезбедивме сигурна иднина за нашите деца, развојна економија и нови партнерства и пријателства. Дадовме значаен придонес за стабилноста во регионот и станавме светол пример за сите. Продолжуваме напред!“, додава Заев.


Слично

Поврзани вести