Заев: Пишуваме историја, рушиме режим, го враќаме животот
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев од Кавадарци изјави дека веќе размислува за 12 декември кога ќе падне режимот и ќе работат за подобра Македонија.
Тој вели дека има надеж и дека промените се чувствуваат.
„Пишуваме историја, рушиме режим, го враќаме животот. Бидете горди на себе си пред себе, вие сте на вистинската страна, на страната на животот. Го гледам овој народ и срцето ми се полни. Уживам во оваа кампања, споделувајќи со вас и визија и мисија, и офанзива како по 11 декември ќе ја впрегнеме државата. Јас веќе сум насочен на 12 декември, на утрото кога ќе вдишиме слобода и кога ќе почне да се реализира нашиот план. Мислете сите на тој 12 декември кој доаѓа за само 13 дена“ - изјави Заев.
Тој порача дека ќе воведе конфискација и парите од фамилијата ќе ги врати на граѓаните.
