Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев, Пендаровски, Спасовски и Османи на божиќна миса во Скопје

Заев, Пендаровски, Спасовски и Османи на божиќна миса во Скопје

На синоќешната божиќна миса во Католичката црква во Скопје, покрај премиерот Зоран Заев, присуствуваа и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот Стево Пендаровски со својата сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

Македонскиот државен врв, меѓу кои редовно се канат и претставници на опозицијата, традиционално учествуваше на литургијата која ја одржа скопскиот бискуп Киро Стојанов. 

Чествувањето продолжува со утринската миса, а централниот настан на католичката заедница во Македонија се одржува во црквата Пресвето Срце Исусово во Скопје.


Слично

Поврзани вести