Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Патриотизам на гладен стомак нема

Заев: Патриотизам на гладен стомак нема

Премиерот Зоран Заев во тв дуелот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека се посветени да ја сочуваат достоинственоста, и да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО, со цел подобар живот на граѓаните. 

„Патриотизам на гладен стомак нема. Граѓаните на избори бираат лидери“- рече Заев. 

Заев вели дека решенија мора да се бараат со Грција за името, а во времето на ВМРО-ДПМНЕ се глумело патриотизам и се преговарало тајно. Премиерот вели дека НАТО и ЕУ се иднината на нашите деца. 

За Мицкоски ова не оди на добро, и додава дека се води егзибиционистички целиот процес. 

Мицкоски рече дека не е спасено достоинството, туку процесот е урнисан. 

Тој кажа дека на државата најголем капитал е народот, кој Заев според него го потценил. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека џабе министерот за надворешни работи, Никола Димитров бара мудрост, сепак реалноста е нешто сосема друго. 

Слично

Поврзани вести