Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Заев: Ова е историски ден, очекувам Иванов да го врачи мандатот во најбрзо време

(ГАЛЕРИЈА) Заев: Ова е историски ден, очекувам Иванов да го врачи мандатот во најбрзо време

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред да влезе кај шефот на државата, Ѓорѓе Иванов изјави дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија. 

Тој отиде во вилата Водно за да му ги предаде 67-те потписи од пратеници со цел да го добие мандатот за состав на влада.

„Во рака држам 67 потписи од пратеници од македонското Собрание, кои што гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено, овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Очекувам претседателот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да почнеме преговори за создавање и формирање на нова влада за граѓаните на Македонија “ – додаде Заев. 

Заев кажа дека ова е голем, историски ден за Македонија. 

ФОТО ФАКТОР

Слично

Поврзани вести