Заев откри кога ќе го каже името за кое се преговара
По повод година дена од работата на Владата, премиерот кажа дека Македонија станала земја на економски раст.
„Градиме држава по европски правила, се грижиме да има квалитетна услуга за сите граѓани. Носиме промени и ја градиме РМ како едно општество за сите, едно семејство за сите. Македонија е земја во која сите граѓани се од прв ред. Решаваме спорови и при тоа го јакнеме идентитетот“, кажа премиерот напоменувајќи дека со мерките на Владата 90 илјади граѓани денес земаат поголема минимална плата, најмалку за две илјади денари, а просечната плата е повисока за 5,6 отсто во споредба со лани.
Премиерот, не откри дали преговорите се вртат околу името „Северна Македонија“, смао напомена дека не е ништо договорено и оти до крајот на неделава ќе разговара со грчкиот колега Алексис Ципрас, по што ќе биле објавено новото име.
