Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев откако Рашковски беше фотографиран во Аеродором: Колку што знам, може да оди на лекар

Заев откако Рашковски беше фотографиран во Аеродором: Колку што знам, може да оди на лекар

Поранешниот државен секретар Драги Рашковски, кому му е одреден куќен притвор за спорна набавка на софтвер, е фотографиран како се шета низ Аеродром, а  премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека поранешниот владин функционер има дозвола да оди на лекар.

Заев вели дека она што тој го знае е дека Рашковски има решение од суд со кое му е дозволено во точно определено време да оди на лекар заради здравствени потреби.

– Правосудните органи и МВР соопштија дека има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Не знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека со решение има точно предвидено време кога да оди на лекар заради здравствени потреби, одговори Заев.

Во меѓувреме и полицијата потврди дека ова му се дозволува со решение од судот за да оди на лекар.

- Рашковски смее да излезе од дома само за на лекар, во точен период од денот за да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Д.Р. ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Д.Р. ја почитувал мерката која му е изречена“, рекоа од МВР.

Слично

Поврзани вести