Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев откако Пендаровски не го потпиша Указот: Владата ќе продолжи со дискусијата на законот за дивоградби

Заев откако Пендаровски не го потпиша Указот: Владата ќе продолжи со дискусијата на законот за дивоградби

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека Владата ќе продолжи да го елаборира Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, откако претседателот Стево Пендаровски одлучи да не го потпише Указот по неговото изгласување во Собранието.

„Владата ќе продолжи со дискусија, имајќи го предвид потегот на претседателот.и неговите резерви кои ги има како укажувања за законот. Преку стручните тимови во Владата можеме дополнително да одиме чекор подетално во допрецизирање на легализацијата во националните паркови и заштитените подрачја и слично, иако законите тоа го определуваат и до сега.

Се знае кој дава согласност, како дава согласност и немаме легализација во националните паркови. Ако можеме тоа плус да го заштитиме со правни формулации, јас сум позитивен да го дополниме законот во тој дел“, рече Заев.

Премиерот рече дека една опција е да не се продолжи понатаму со законот, а тоа ќе значи отстранување на сите бесправни градби во државата, или во спротивно со кривични пријави за непостапување да се соочат инспекторите, градоначалниците, министерот. 

„Се што прави тегоба кај граѓаните, ние сме подготвени тоа да го слушнеме“', додаде претседателот на Владата.

Слично

Поврзани вести