Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Oстанувам во самоизолација онолку колку што е потребно

Заев: Oстанувам во самоизолација онолку колку што е потребно

Согласно утврдените протоколи останувам во самоизолација онолку колку што е потребно, пишува претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук и соопштува дека тестот за Ковид 19 е негативен.

Се заблагодари на сите за поддршката што денеска стигнала од државата и од странство.

„На уредникот на Канал 5 Гоце Михајлоски му посакувам брзо закрепнување, нему и на неговото семејство. Воедно упатувам силна поддршка до новинарите и медиумските работници кои во овој период се изложени на ризик вршејќи ја својата работа за навремено и точно информирање на јавноста што е од огромно значење. Граѓаните, сите ние мора да ги почитуваме мерките и задолженијата. Да седиме дома, да ја зголемиме личната хигиена и да ги намалиме физичките контакти. Само така оваа закана ќе ја пребродиме и полесно и побрзо. Зависи од сите нас“, пишува Заев. 

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е негативен на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести