Заев: Осомничени и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ вршат терор да не се гласа за законот за јавно обвинителство
Деновиве има вистинска драма, се врши невиден терор и притисок врз пратениците да не гласаат за законот за јавно обвинителство, десет пати поголем од оние кога се носеа уставните измени, објави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој вели дека пред законот да биде ставен на Влада, имал збор од 80 пратеници. Но, остава на нив како ќе гласаат, тие се индивидуи со свое убедување, вели тој.
На прашањето дали е обезбедено двотретинско мнозинтсво, со оглед што алнабските партии рекоа дека нема да гласаат, тој рече дека остварил контакти со претседатели и претставници на албанските партии, и се им било сериозно објаснето.
„Дури и да се ПИМ мерки, обезбедени со судски пресуди, обвинение не може да се основа само на нив. Мора да има материјални докази. Сите обвиненеија поднесени до 30.06 се обезбедени и осигурани, а судските постапки продолжуваат, некои се веќе со правосилни судски пресуди. А оние што се после тој период, се дава шанса сите да продолжат на основа на материјалните докази, тоа се Талир 1, Талир 2 и се дава фер шанса. Ако има материјални докази се подесува обвинителен акт. Јас верувам дека за сите искази има материјални докази. Верувам дека за сите истраги има докази. Дали нашата земја ќе смогне двотретинско мнозинство или ќе дозволи на бандитите и осомничените да успеат. Деновиве се прави терор, уцени, плашење, закани за пратениците, бидејќи криминалот ги наоѓа сите патишта за да ја спречи правдата и правната држава. Мора да гарантираме дека таму каде има докази постапките ќе продолжат и дека судовите, а не политичарите да ги носат одлуките“, рече Заев.
Да каже Мицкоски каде е скриената амнестија, го повика тој лидерот на опозицијата.
„Овозможена е фер шанса. Закон имаме што е помогнат од европски експерти. Законско решение кое е во рамките на европските регуативи. ЕК го поздрави законското решение. Овие денови тоа го има парламентот во свои раце. Нема да дозволиме некој да манипулира пратеници со закани, бидејќи се плаши од одговорност и сака да се затскрие од одговорност за криминалот“, рече Заев.
Парламентот треба да ја донесе одлуката во законските рокови, вели лидерот на СДСМ.
„Јас пред да предложам на Влада да го стават законот преку министерката за правда, а Владата го усвои во недела вечерта, сум имал збор од најмалку 80 пратеници, и толку. Ги прифативме сугестиите дадени од пратеничките груп. Но, во моментов се случува вистинска драма. Десет пати поголем притисок од пратениците од тоа што беше за гласањето за уставните промени. Да го остават пратениците, тие се светост, во државата“, рече Заев.
Прашан дали има 80 пратеници и кој го врши притисокот, тој рече дека тоа го прават „раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дел од нивни пратеници, осомничени или веќе обвинети луѓе, вршат притисоци“.
Секој има шанса да докаже своја невиност. Не можеме да бидеме ни НАТО без правна држава, а не пак да одиме во ЕУ, нагласи Заев.
„Јас ги немам гласовите на пратениците во свои раце. Секој од нив е свесен и е индивидуа сам за себе, со свои семејства. Верувам дека ќе донесат исправни решенија. Правната држава е во прашање“, рече Заев.
За тендерот од еден милион евра што го доби компанијата на Мукоски, а компанија на неговиот брат добива концесија за очна болница, тој рече дека секој во државата, дали од СДСМ или од ВМРО-ДПМНЕ, ако исполнува услови може да конкурира.
„Ако има незаконитост во постапката за ова што го кажувате, а јас прв пат слушам, треба да има мерки. Ако е согласно закон, ок, секој што ќе ги исполни условите може да добие дозвола да направи се што сака. Ако победиле на тендери и биле конкурентни, можат да добијат. Да не се фрла темно петно. Господинот Мукоски храбро преговараше за подобрување на законот“, рече Заев.
