Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев ослободен за „Поткуп“

Заев ослободен за „Поткуп“

Ослободителната пресуда за премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ е потврдена од Апелационен суд.

Жалбата на одлуката на Кривичен суд од страна на Основното јавно обвинителство е одбиена како неоснована.

-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година, објави Апелација.

Овој случај беше објавен по објавено видео во јавноста додека Заев беше само претседател на СДСМ во кое наводно како градоначалник на Струмица бара поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.

Заев пред пресудата лани во мај овој процес го оценуваше како монтиран за да биде спречен во објавувањето на т.н.„бомби“ во јавноста.

Пред објавувањето на одлуката, со коментар на Фејсбук се јави поранешниот премиер Никола Груевски, кој во моментов е азилант во Унгарија по бегството од двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

„А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат. Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!“, гласи дел од напишаното на Груевски на својот профил.

Слично

Поврзани вести