Заев оптимист за новата Влада, БЕСА и натаму главен кочничар
Зоран Заев не успеа ниту денес да постигне договор со БЕСА за формирање на новата влада иако денеска се сретна со нивниот лидер Билал Касами. Засега БЕСА не дава согласност да влезе во новата влада без да се прифатат два клучни принципи по кои ќе може да се разговара за поделба на ресорите и кардовски решенија.
Заев посочи дека преговорите ќе продолжат и тој и натаму е оптимист дека Владата ќе се формира што побрзо затоа што имаат голема обврска пред граѓаните за спроведување на итните реформи. СДСМ е пред Конгрес на кој ќе се избира нов лидер, а иако Заев е единствен кандидат партиските функционери ќе бидат зафатени, па преговорите ќе продолжат доцна сабота или рано во недела.
Лидерот на СДСМ кажа дека денеска освен со БЕСА, се сретнал и со лидерите на ДУИ и Алијансата за Албанците, Али Ахмети и Зијадин Села со кои веќе има позитивни сигнали дека формирањето на новата Влада е неизбежно.
