Заев оптимист за достоинствено решение на спорот со Грција
Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека е убеден оти Македонија и Грција ќе успеат да најдат достоинствено решение за спорот околу името.
- Верувам дека ќе се изнајде решение, кое ќе биде достоинствено за двете страни и кое нема да задира во идентитетот на нашиот македонски народ, но и во потребите од идентитеското поставување и на дел од народот во Грција - порача Заев при денешната посета на Аквадуктот во Скопје.
Заев беше прашан за најавата на шефот на грчката диплматија Никос Коѕијас дека нацрт-спогодбата ќе пристигне пред него во Скопје и оти не остапува тоа да има промена на уставното име.
- Не би сакал да навлегувам во коментарите од другата страна на преговорите. Нашите позиции се јасни. Ние сме подготвени за решение. На Македонија и` требаат решенија и знам дека и` на Грција и требаат решенија - истакна македонскиот премиер.
Двете страни, според Заев, разговараат за наоѓање решение за името, со кое ќе се направи разграничување на регионот во Северна Грција, кој се вика Македонија, од Република Македонија.
