Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ОПТИМИСТ: Преговорите пред крај-Македонија ќе ја има новата влада наредната недела

ЗАЕВ ОПТИМИСТ: Преговорите пред крај-Македонија ќе ја има новата влада наредната недела

Сите партии ветија дека ќе ја забрзаат процедурата за преговори за новата влада и во рок од десет дена преговорите ќе бидет завршени, рече Заев.

Се очекува до утре да биде поднесен предлогот за состав на новиот владин кабинет во Собрание а веќе наредната недела со Македонија ќе раководи новата влада.

Мандатарот Заев вчера патуваше за Брисел.

Беше дел од шесторката на Балканот која имаше неформална средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Зоран Заев имаше посебна средба со Могерини на која како што соопштија од неговиот кабинет се разговарало за интензивирање на меѓусебната регионална соработка како и унапредување на перспективите кон ЕУ.

„На средбата се зборуваше за отворените билатерални прашања во регионот а кои се пречка за напредување на земјите кон ЕУ, а најважно беше да се зајакне соработката“, рече Заев во вечерата на премиерско ниво со Могерини.

Слично

Поврзани вести