Заев одигра партија шах со пензионер и му рече дека в понеделник на сметка ќе добие повисока пензија
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вчера во Тетово учествуваше на средба со Здружението на пензионери од Тетово имаше време да одигра и партија шах со еден од пензионерите од овој град,
Истовремено најави дека веќе од понеделник со исплатата на јануарската пензија над 320.000 пензионери тие ќе земаат дополнително 722 денари.
„За три години просечната пензија ја зголемивме за над 1.700 денари, со последното покачување, просечната пензија изнесува 15.500 денари, тоа е вистинска грижа, тоа е доказ дека сме чесни и одговорни. Со чесни политики покажавме дека пензиите можат значително да растат, а истовремено ја намалуваме и дупката во пензискиот фонд, денес пензионерите имаат помирен живот и повисоки пензии“, рече Заев.
Во Тетово инаку на отворена дебата се дискутираше за спроведените мерки кои се значајни за пензионерите, а покрај зголемувањето на пензиите, тој зборуваше и за други мерки од кои оваа група на граѓани има најголеми придобивки меѓу кои една од најважните е укинувањето на квотите за лекови.
