Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев одговори зошто му дал поддршка на Вучиќ но и зошто е разочаран од ЕУ

Заев одговори зошто му дал поддршка на Вучиќ но и зошто е разочаран од ЕУ

Премиерот Зоран Заев вели дека ја поддржувал иницијативата на Александар Вучиќ за „малиот Шенген“ бидејќи тоа му носи корист за Западен Балкан.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, рече дека ја поддржува иницијативата на српскиот претседател Александар Вучиќ за формирање „мал Шенген“, бидејќи тоа му носи полза на целиот Западен Балкан.

„Јас поддржувам секаков начин Балканот да соработува, не секогаш да чекаме некој од Европската унија да не собере и потоа да го покажеме резултатот. Можеме сами да ги покажеме капацитетите“, посочува Заев во интервју за ТВ Пинк.

Заев истакнува дека на Балканот денес се водат разговори.

Француското „не“ предизвика фрустрација

"Имаме водачи кои се пријатели. Оваа иницијатива предложена од претседателот Вучиќ беше прифатена од албанскиот премиер Еди Рама и јас, затоа што гледаме дека тоа има корист не само за нашите земји, туку и на целиот Западен Балкан. Веројатно ќе дојде и време кога ќе можеме да ги унапредиме и односите со земјите членки на ЕУ додека преговараме“, рече Заев.

Говорејќи за француското вето за почеток на преговори за членство во ЕУ, премиерот на Македонија истакнува дека е разочаран, како и граѓаните.

„Реков дека ми се крши срцето, јас се кршам, затоа што ние сме најдобриот пример во Западен Балкан во справувањето со билатералните проблеми со соседите. Имавме големи проблеми со Бугарија, а особено со Грција. Ги решивме тие проблеми и ги исполнивме сите реформи. Сите водачи на ЕУ, вклучително и францускиот претседател, го потврдија ова, но тој рече дека „сега ни треба време“.

Навистина е многу разочарувачко. Тоа предизвика кај мене и моите сограѓани дури и одредена фрустрација. Разочарани сме што ЕУ вети дека ако исполниме сè и ќе го исполни својот дел, а не го направи тоа. Разочарани сме поради некоја причина. Тоа го знаат и европските лидери“, истакнува Заев.

„Ќе се продолжи по европскиот пат“

Заев додека дека му е кажано оти новата методологија која ја предлагаат во ЕУ, и на Македонија и на другите земји кандидати ќе им даде шанса за суштински трансформативни процеси, кои пред се ќе ги почувствуваат граѓаните.

-Ние сме на располагање и ќе продолжиме по европскиот пат, и со европските реформи. И во овој момент се случуваат реформи во Македонија, затоа и ние, како што верувам, и граѓаните на Србија, сакаме во ЕУ не само да бидеме членки, туку да живееме подобро, да бидеме побогати-истакнува премиерот во интервјуто.


FOTO: TV PINK PRINTSCREEN

Слично

Поврзани вести