Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев одговори дали имало обиди за пуч во СДСМ

Заев одговори дали имало обиди за пуч во СДСМ

Екс лидерот на СДСМ и екс премиер Зоран Заев одговори на шпекулациите дека спремал пуч во партијата. 

Заев во објава на Фејсбук вели дека никогаш нема ниту да помисли да го дели СДСМ.

Тој ги демантира наводите дека ќе бил кандидат за претседател на државата, со заедничка поддршка на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас нема да поднесам ниту ќе прифатам кандидатура за претседател на државата. Доказ за тоа е моето осум и пол годишно раководење со партијата како и државните и изборните победи што ги освојуваше обединетиот и сплотен Социјалдемократски сојуз на Македонија, заедно со силното граѓанско општество“, пишува тој.

Кажа дека имале историски успеси. 

„Не може да се заборави дека и тогаш имаше противници на се што работевме и на се што постигнавме. Некои беа против само поради тоа што тие во нивното време не успеале да го направат она што ние за четири години го постигнавме заедно со народот. Меѓу нив беше и поранешниот премиер и бегалец од правдата Груевски ама и други кои од исти или слични причини едноставно не сакаа да се случат македонските успеси. Некои заради тоа што суетата им е преголема (Геровски ќе се препознае овде веројатно. Трети, пак, беа против затоа што имаат потреба постиојано да негодуваат, да мразат и мрчат, оние на кои ништо не им се погодува (тоа се луѓе како шкорпиите од приказната за шкорпијата и жабата. Четврта група беа тие што не можат едноставно да простат успех на друг, оти нели во Македонија може се да ти простат ама успех не ти се простува. Но, времето и досега покажуваше, а особено допрва ќе покажува колку биле храбри, исправни и правилно насочени одлуките што сме ги донеле за македонскиот народ и државата, без разлика на блокадите кои постојано ни ги ставаат сите противници“, пишува Заев. 


Кажа дека различни центри го споменувале во различни конотации. 

Слично

Поврзани вести