Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Oд земја генератор на криза, Македонија е претворена во мотор на развој на регионот

Заев: Oд земја генератор на криза, Македонија е претворена во мотор на развој на регионот

Премиерот Зоран Заев, во обраќањето пред Владата по повод прославата на 8-ми Септември – Денот на незавиноста, изјави  дека од земја генератор на криза, Македонија е претворена во мотор на развој на регионот.

Заев вели дека Македонија сега има одговорни политичари. 

„Постојат реални можности Македонија да добие чиста препорака, а потоа и датум за преговори со Европската Унија. Реални се надежите и дека Република Македонија може да биде 30. членка на НАТО“- рече Заев.

Додаде дека Владата е определена да организира и спроведе фер, демократски и регуларни избори. 

Заев вели дека друг тест се и реформите, за да се овозможи независно судство, објективни медиуми, независни институции, развој на добрососедски односи, регионална соработка и друго. 

Да продолжиме заедно да ја градиме Република Македонија во едно општество за сите, низ меѓусебна почит и разбирање затоа што само заедничката среќа е среќa, порача Заев. 

Централната прослава по повод Денот на независноста под слоганот „Македонија слободна, слободно живее“ се одржува пред Владата на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести