Заев: Од сите зависи каков ќе биде светот по Ковид-19
Од сите нас зависи каков ќе биде светот после КОВИД-19, но сега ја имаме шансата која не смееме да ја пропуштиме за да го направиме подобар, рече во своето обраќање на Парискиот форум за мир, премиерот Зоран Заев.
„Светот е исправен пред заеднички непријател кој за многу кусо време покажа дека не ги признава границите. Со право, граѓаните го свртеа погледот кон нас лидерите, со очекувања да изнајдеме брзи и ефикасни решенија. Секојдневно се обидуваме да изнајдеме соодветен одговор на кризата која треба заеднички да ја надминеме. Тука сме сите заедно да размениме идеи и најдобри практики со цел да изнајдеме решение за овој предизвик. Единството и солидарноста се потребни повеќе од кога било, рекол Заев.

Парискиот форум за мир, оваа година се одржува дигитално и преку видео-конференциска врска, а фокусот е ставен на пандемијата со КОВИД-19.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон во своето обраќање рекол дека како никогаш досега на светот му треба нов консензус за прашањата од интерес на сите граѓани на глобално ниво, како што се пандемијата со КОВИД-19, тероризмот и климатските промени.
