Заев од Ресен: Не смееме да имаме дилеми и Договорот од Преспа е фер
Премиерот Зоран Заев на трибината во Ресен „Излези ЗА европска Македонија“ изјави дека не смееме да имаме дилеми и дека Договорот од Преспа е фер и праведен.
Заев вели дека со тоа ќе има пари за земјоделството, ќе има подобро здравство.
Премиерот рече дека не смееме да седиме дома на 30 септември, туку да излеземе и да гласаме.
Вели Македонија нема алтернатива без ЕУ и НАТО.
„До 12 часот должност е да излезат како малди луѓе, авангарда, моторна сила, како на секоја земја, така и нашата“- порача Заев до младите.
Заев рече дека ова е сериозна обврска, и ако не успееме вели дека ќе тонеме во кал.
Премиерот кажа дека со германската канцеларка, Ангела Меркел разговарал за економија. Целта е трговијата да се зголеми оваа година.
