Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев од Пелинце повика на масовна излезност на референдумот

Заев од Пелинце повика на масовна излезност на референдумот

30 септември, тоа е денот на новата историска одредница, денот кога ќе донесеме одлука за нашата иднина. Кога ќе се определиме за најсилниот воено-политички сојуз. Сега е моментот за одлука. Државотворните народи препознаваат вакви пресудни моменти и не се седи дома, не се остава друг да одлучува. Шансата треба да се земе храбро и одлучно. Да покажеме на 30 септември дека сме народ кој знае да учи од историјата и повеќе да не ги повторуваме истите трауми, рече премиерот Зоран Заев во својот говор од Пелинце за време на прославата на 115-годишнината од Илинденското востание.

- Секој е должен да ја превземе одговорноста за својата иднина. Како никогаш порано одлучни и решителни, Македонија ќе успее. На 30 септември ќе ја отфрлиме понудите за мрак, амнестија, изолација, грабеж, корумпирано судство, поткупување, политичка мафија. Доста е од тоа, доста е небиднина. Ве повикувам сите вас да кажете „ДА“ за загарантира безбедност, признаен и потврден јазик, идентитет и култура. Нека ние честит и вековит Денот на Републиката - повика Заев.

Од останатаото, додаде дека концептот на граѓанско општество, едно општетство за сите мора да се гради со сите националности во Македонија, кои си ја сакаат својата земја и како што вели тој, „еден по еден да ги решиме суштинските проблеми“.

- Светот едногласно ја подржува новата политичка страница на Македонија, а тоа води кон подобар живот. До само една година претходно имаше игнорирање, но со тоа не може да се реши ниту еден проблем. Проблемите се објективни, но и некој ги направи.За една година направивме голем пресврт. Нема да добиваме секогаш шанси за еднаквост со другите европски земји, имаме заслужено место во евро-атлантското семејство, да го зграбиме. Да се обединиме внатре, со соседите и со европското семејство - истакна тој.

Договорот е најдобра и фер шанса за граѓаните на Македонија, го расчистува патот и носи подобар живот. Го чува богатото културно и историско наследство. Ќе стоиме гордо под македонското знаме. Химната, грбот и знамето остануваат засекогаш. Договорот го потврди и заштити македонскиот идентитет и го гарантира правото да се определуваме како Македонци со сите атрибути, беа дел од аргументите на премиерот.

- Македонскиот јазик е потврден, а државјанството е македонско сега и во иднина ,м засекогаш. Со договорот решава спор кој ја блокиреаше наата иднина. Ние ќе бидеме 30-та членка на НАТО и со тоа ни се гарантира сигурност, безбедност и економски развој. За прв пат добивме датум за почеток на преговори со ЕУ а подготовките се веќе во тек. ДОговорот го затвора секое спорење на македонскиот идентитет и гарантира македонско-грчко пријателство и соработка. Ќе има иницијативи што ќе бидат добри и за двете земји. Грција не е наш непријател. Ова се причини и силни аргументи за патриотизам. Тогаш си патриот, кога ја обезбедуваш иднината и ако го сакаш најдоброто за својата земја. Време е Македонија да направи историја. Никој нема наместо нас да донесе одлука - гласеше говорот на Заев.


Слично

Поврзани вести