Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев од Конгресот порача: За мене немало мирно море

Заев од Конгресот порача: За мене немало мирно море

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на Конгресот изјави дека партијата носи државнички успеси. 

Изјави дека по владеењето на екс премиерот Никола Груевски, државата беше опустошена, изолирана, а граѓаните осиромашени. Вели дека пред граѓаните излегле со чесна понуда и со концепт за враќање на парите кај граѓаните. Заев рече дека тоа граѓаните го препознале. Вели дека нашата татковина тргна напред, а за него вели дека немало мирно море. 

„СДСМ наш, СДСМ мој, ние сме горди што те имаме и што те развиваме во модерна европска партија посветена пред се на граѓаните и државата. Нема ништо поважно од тоа“, рече Заев. 

Се пофали дека ги покачиле платите, пензиите, социјалната помош, обезбедиле поврат на дел од ДДВ, ја укинале РДТ. Изградиле преку 500 километри патишта. Ова е 26-ти изборен конгрес на СДСМ, и тој се одржува онлајн поради пандемијата. 

Слично

Поврзани вести