Заев од конгресот на Сириза: Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот
„Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста. Нашите политички визии ги насочивме кон една заедничка цел. Воспоставивме политички однос, кој се издигна кон соработка и кулминираше со пријателство. И двајцата го ставивме ова пријателство во темелите на новата долготрајна врска меѓу нашите земји. Тоа е најскапоцената придобивка. Можете ли да замислите колку можеме да изградиме на овие темели во иднина? Не двоумете се, не ограничувајте ги вашите соништа и визии – да, нашите граѓани, нашите општества и нашите земји можат да изградат регион на просперитет токму на овие темели“, рече Заев.
Вели дека треба да соработуваме уште повеќе од претходно. Во однос на војната во Украина, кажа дека ја поддржува независноста и територијалниот интегритет на земјата и изрази сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. За Украина, Заев вели дека е потребен итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право.
Заев и Ципрас во 2018 година го потпишаа Договорот од Преспа кој стави крај на три деценискиот спор за името.
foto Facebook
