Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев од Кочани: Од 1 јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари

Заев од Кочани: Од 1 јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари

Опцијата која води напред е СДСМ и Коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата. Кочани ќе продолжи да се развива и напредува само со Николчо Илиев, само со СДСМ и Коалицијата, рече денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев од Кочани.

„Растат платите во сите сектори, просечната плата расте во континуитет. Минималната плата од 9.000 денари ја покачивме на 15.200 денари, а од први јануари ќе биде 18.000 денари.

Тоа е правецот во кој треба да се движи нашата земја, нашата економија и нашето општество.

За да се одржи тој континуитет, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се избере опцијата која води напред, а тоа се СДСМ и коалицијата, тоа е најдоброто за Кочани, најдоброто за државата, рече Заев.




Слично

Поврзани вести