Заев очекува промена на патоказите во Грција со „ФИРОМ“
Според премиерот Зоран Заев, во Грција во моментов има само уште неколку патоказни табли со старото име на Македонија во ОН и дека очекува наскоро тие да бидат променети согласно Преспанскиот договор.
-Тоа што е важно е дека треба да се знае повеќе не сме ФИРОМ и ги користиме меѓународните кодови МК или МКД и очекувам и грчката страна да ги тргне тие еден или два знаци каде што пишува ФИРОМ. Не е коректно да го пишува тоа име или пак Скопје, треба да го користат името Македонија, рече Заев во интервјуто за ТВ21.
Претходниот грчки премиер Алексис Ципрас реагираше дека по ова прашање топката се префрла помеѓу локалната и централната власт, а поранешниот солунски градоначалник Јанис Бутарис неодамна нагласи дека во околината на Солун веќе нема патоказни табли со „ФИРОМ“ туку само со „Скопје“.
