Заев очекува по 29 месецов мандатот за влада да биде во негови раце
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска по судењето за случајот „Поткуп“ изјави дека очекува по 29 јануари мандадот за формирање на влада да го добие неговата партија.
Заев вели дека претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов треба да му го додели мандатот нему и дека новата влада ќе биде предводена од СДСМ.
Рече дека како што истекува рокот од мандатот на Никола Груевски за формирање влада, тој и неговата партија ќе излезат со своја платформа и со став по прашањата за состав на новата влада.
„Навлегувајќи во крајните денови од мандатот на Груевски за составување влада, кој истекува на 29 јануари, веројатно ќе бидеме принудени да ги соопштиме своите позиции околу овие прашања. Јас искрено верувам дека по 29 јануари мандатот ќе биде во наши раце заради сите аргументи што ѝ се познати на целата јавност“ – изјави Заев.
Заев потврди дека освен со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, периодов имал разговори околу политичката состојба и со претставници на Движењето БЕСА и на Алијансата на Албанците.
