Заев очекува договор за референдумот, Мицкоски задоволен
Премиерот, Зоран Заев денеска изјави дека е прифатено со законски измени пред секои парламентарни избори да се формира Влада, по моделот на Пржинскиот договор и дека останува лидерите да се договорат за референдумот.
„Пруживме рака и разбирање, но имаме и почит кон нашиот неприкосновен принцип. Пред потпишувањето на договорот со Грција, беа прифатени услови за избор на ДИК, уште пред лидерските средби работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усоглсија текстот на нов закон за финасирање на политичките партии со предлозите на опозицијата. Прифатме да се направат законски измении кои ќе овозможат техничка Влада да да ги спроведува парламентарните изброри во иднина согласно формата која што ја имаше пржинската Влада“ – рече Заев.
Тој додаде дека следно за што ќе се преговара е како ќе гласи прашањето за референдумот, неговиот карактер и датумот.
Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски изјави дека е задоволен од постигнатиот договор, посебно во делот за формирање на техничка Влада, по Пржинскиот модел за организрање на секои избори. Вели дека сега опозицијата се чувствува комотно и дека ќе има успешен изборен процес. Мицкоски вели дека е договорено да се запре постапката за измени во Изборниот законик и членовите на ДИК повторно ќе се бираат со двотретинско мнозинство.