Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев обвини дека Мицкоски ги штити криминалците, тој му врати дека е фатен за „Рекет“

Заев обвини дека Мицкоски ги штити криминалците, тој му врати дека е фатен за „Рекет“

Пуштете ги предметите, интересот ви е само да ги заштитите криминалците, му рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва во дуел на Канал 5. 

Заев обвини дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им било важно да се донесе Законот за јавното обвинителство. 

Мицкоски вели дека не може луѓето да бидат прогласени за криминалци, само затоа што така рекол Заев. 

Тој рече дека она што Заев го кажува за „Рекет“ е дека е фатен и дека „царот е гол“. 

Заев тврди дека транспарентно пријавил, дека се изнесуваат докази, една пресуда има и вели дека пред 11 години да се пријави таков случај било мисловна именка. 

Слично

Поврзани вести