Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев објасни како Шилегов би ја победил Арсовска: Гласачите за Шаќири и Петровска се мој народ

Заев објасни како Шилегов би ја победил Арсовска: Гласачите за Шаќири и Петровска се мој народ

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, во вториот круг од локалните избори може да дојде до бројката од 120.000 гласачи и да ја победи Данела Арсовска, противничката која има поддршка од опозицијата.

- Бени Шаќири не е ВМРО, заедно сме уживале на заедничките митинзи, тој како музичар, јас како политичар. Ја имаме Ана Петровска, која што покажа резултати и тргна да си ја работи работата, нема дилеми. Да - имаа несогласување во својата партија, па излегоа со „Зелен град“ и имаат 10.000 гласа. Тоа е мојот народ, тоа не се вмровски гласови. Тие имаат филозофија на верување кога гласале за таква програма. Еве ги 25-26 илјади гласови, искоментира Заев во студиото.

Претседателот на СДСМ рече дека голем број од незадоволни граѓани испратиле „жолт картон“ и не излегле на гласање во првиот круг, но дека во вториот ќе излезат и ќе гласаат. Исто така, тој додаде дека албанските гласачи не веруваат во, како што вели, во национализмот на ВМРО-ДПМНЕ и дека својот глас ќе го дадат за Шилегов.

Слично

Поврзани вести