Заев новиот кабинет ќе го „чешла“ од бубици за прислушување
Новиот претседател на Владата на Република Македонија Зоран Заев на примопредавањето на функцијата од страна на техничкиот премиер Емил Димитриев посочи дека ќе работи чесно, отворено и транспарентно. Тој најави и дека ќе има „чешлање“ на премиерскиот кабинет за да се провери дали има системи за прислушување или снимање.
„Се надеваме дека такво нешто нема, но во минатото бевме сведоци и на такви ситуации, па затоа ќе има проверка бидејќи овој кабинет покрај професионален е и приватен простор за премиерот“, посочи Заев пред новинарските екипи.
Слично
