Заев: Нема живот во Македонија ако нема правда и казни
Премиерот Зоран Заев синоќа учествуваше на првата од серијата граѓански трибини што се одржа во Центарот за култура Иљо Антевски Смок во Тетово на тема „Заедно едно општество за сите“.
Заев изјави дека трите концепти за унапредување на состојбите во Македонија, се „Едно општество за сите“, пријателство со соседите, но и пошироко со цел подобрување за состојбите во економијата.
„Нема живот во Македонија ако нема правда и казни, бидејќи јас не сум Никола Груевски и СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ. Ако нема казни како јас ќе знам дека и луѓето што сега се во извршната власт нема да го прават истото што го правеа претходно. Секој што се огрешил и за кого ќе има докази во транспарентна и отворена судска постапка мора да сноси одговорност и законот да биде еднаков за сите. Правда мора да има. Согласно доказите очекувам пресуди и казни за она што некој го правел на Македонија во изминатите години“ – рече Заев.
За економијата Заев најави повеќе инвестиции како што е 270 милиони евра за 800 километри патишта низ Македонија, 900 милиони евра за градење на пругата кон Бугарија и 530 милиони евра од Кичево кон Албанија.
