Заев: Нема тајни договори, тоа се стратешки цели
Зоран Заев, премиерот нма Македонија, на денешната прес-конференција рече дека не поостојат тајни договори со амнестирањето на досегашните обвинети за настаните во Собранието на 27 април. Инаку денеска ште пет лица обвинети за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија добија амнестија. Станува збор за лица кои беа обвинети за учество во толпа.
- Нема никакви тајни договори. Има стратешки цели за интеграција во НАТО и ЕУ, а Законот за амнестија беше неминовен за да се продолжи натаму. Да си подадеме рака, трајниот мир е предуслов за да се исполнат сите други наши планови - изјави Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски.
Премиерот потврди дека официјално Скопје и официјална Атина добиле писмо од Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, во кое се бара ратификација на Преспанскиот договор до 15 февруари од грчката страна, а претходно уставните измени да завршат навремено кај македонската.
- Тоа писмо треба да е еден поттик во европски манир да се завршат работите. Јас не би имал против тоа да се случи и до крајот на јануари, или почетокот на февруари - рече Заев.
Додаде дека нема да има парламентарни избори годинава во Македонија.
- Ако има избори, знаеме дека се друго застанува во земјата. Се тераат кампањи, преговори со коалициони партнери, а мене ми е преку глава од тоа веќе - истакна премиерот.
