Заев: Нема родова еднаквост и еднакви можности се додека жените трпат насилство
Денес на настанот на ОН за Истанбулската конвенција, премиерот Зоран Заев се заблагодари на заложбите на сите засегнати страни во борбата за правата на жените и родова еднаквост во македонското општество:
„Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, дозволете најпрвин и јас да ја искажам мојата почит кон сите активистки кои неуморно работат и се залагаат за родова еднаквост. Вашата долгогодишна посветеност и борба резултираа со ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство. Ве уверувам дека како претседател на Владата цврсто застанувам покрај вас и со вас бидејќи навистина нема родова еднаквост и еднакви можности се додека жените и девојките трпат насилство –рече Заев.
