Заев нема ништо против протестот на опозицијата-внимателно ќе ги слушне пораките
Премиерот Заев вели дека опозицијата има право на протести.
Прашан како го коментира денеска закажаниот митинг на ВМРО ДПМНЕ премиерот рече дека со внимание ќе ги следи пораките кои ќе му бидат испратени.
За него вели е важно о граѓаните кои сакаат да се приклучат безбедно да стигнат на протестот
„Секоја опозиција е многу важна и има улога во општеството. Јас внимателно ќе слушам за пораките кои што ќе излезат од самиот протест заради тоа што во нормална демократска, слободна држава опозицијата е таа која што и критикува и дава предлози како да го унапредиме севкупното работење во Република Македонија“, кажа премиерот денеска при увидот на градежните работи за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш.
Слично
