Заев: Нема договори за бројките, секој да се попише и ќе бидеме толку колку што сме
Нема договори за бројките, секој да се попише и ќе бидеме толку колку што сме, вели премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека никој не може и не треба да си „прави филмови“ дека толку ќе биле Албанците, толку ќе бидат Македонците или Турците.
„Обврска на граѓаните е да го прифатат и да учествуваат во пописот и податоците ќе кажат колку сме“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Канал 5.
На оваа тема разговарал и со првиот вицепремиер Артан Груби.
„Јас разговарав со првиот потпретседател на владата Артан Груби и му пренесов дека кога ќе оди во Албанија да се сретне со нашиот пратеник Македонец во албанскиот парламент и со другите граѓани што можат да бидат опфатени со пописот затоа што ние им служиме на сите, како што сум јас премиер на сите, така и првиот потпретседател на Владата е на сите и министерот за надворешни работи Бујар Османи е министер на сите. Разговарав со вицепремиерот и тој се согласи дека оставил таков впечаток и дека ќе го промени тоа и навистина го променија“, рече Заев.

Собранието со 95 гласа „за“ изгласа и одложување на локалните избори за втората половина на октомври. Собранието вечерва ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирано да почне вчера, на први април, се е одложува за периодот од 5 до 30 септември.
Слично