Заев: Нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел
Премиерот Зоран Заев откако ја доби наградата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин, по што изјави дека утре нема да добиеме добри вести од Советот за општи работи во Брисел.
Вели дека решение со Бугарија ќе се бара во декември.
„Историјата ја искористивме како алатка за градење на иднината. Човековите права и правото на самоопределување на секој граѓанин не може да бидат предмет на дипломатски преговори и договори. Тие се потврдени и гарантирани принципи на меѓународното јавно право и придобивките од него. Затоа, непобитен е фактот дека македонскиот јазик и македонскиот народ се реалност“, нагласи премиерот.
На крајот, тој ја посвети наградата, како што рече, на сите генерации што ја граделе и градат државата.
Кажа дека се чувствува благодарно и скромно примајќи ја престижната награда додавајќи дека парите од наградата ќе ги донира во државниот солидарен фонд во борбата против Ковид-19.Ќе сториме сѐ што е во наша моќ за старт на преговорите до крајот на годинава, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во обраќањето на доделувањето на наградата за човекови права на Фондацијата „Фридрих Еберт“ на премиерот Зоран Заев.
