Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Некој ако мисли дека Заев е волшебник се лаже

Заев: Некој ако мисли дека Заев е волшебник се лаже

Премиерот Зоран Заев вечерва во Отворено на ТВ 24 изјави дека Законот за амнестија го поздрави Европската Унија. 

Тој вели дека влогот е голем ако не успееме во нашите евроатлантски интеграции. 

„Некој ако мисли дека Заев е волшебник да ги постигне сите цели се лаже, меѓутоа јас сум човек демократ“, вели тој. 

Заев рече дека сега туркаат еден Сизифов камен, но да успее процесот помагаат пратеници, министри, а ако не успее, ќе мора Владата да си понесе одговорност. 

Премиерот вели дека ни треба помирување, затоа што е закрвавено општеството. 

„Амнестијата на никој не може да му биде наметната“, рече Заев, коментирајќи за лицата кои нема да поднесат барање за амнестија. 

За екс премиерот, Никола Груевски кој избега од Македонија, вели дека со сите демократски средства ќе инсистираат за да биде вратен во земјава и да ја одлежи казната. 

Слично

Поврзани вести