Заев: Не знаеме дали се работи за бегство на Груевски
Не знаеме дали се работи за бегство или не.
Тоа треба да го утврдиле тоа, да го констатираме а тоа се констатира со јасно и прецизно дека е надвор од државата.
Да ги оставиме службите да работат“, кажа премиерот Заев.
Тој потенцираше дека не може да лоцира одговорност бидејќи сите институции како што посочи постапувале онака како што се постапувало досега и онака како што се постапува кон секој граѓанин.
-На сите им е јасно дека треба да бидеме исправени пред одговорноста и верувам дека имаме причини и да се надеваме дека ова ќе биде процес во рамки на нормалата и на човековите права, и на одговорностите на сите граѓани кои ги имаат кон институциите .
Заев потенцираше дека полицијата без судски наредби, без упатен акт не смеела да ја попречи слободата на Груевски, оттука не смеела да постапува ниту да го следи а камоли пак да му се доближи на Груевски.
