Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Не забораваме колку наши граѓани беа вдомени во Хрватска

Заев: Не забораваме колку наши граѓани беа вдомени во Хрватска

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, преку Вечерни лист ја испрати својата поддршка и солидарност до Хрватска и хрватскиот народ. Меѓу другото, во пораката се вели: 

"Граѓаните на Северна Македонија со загриженост ги следат вестите што доаѓаат од Хрватска за жртвите и штетите во Петриња, Сисак, Глина и другите населени места. Ова е очигледно еден од најтажните денови во модерна Хрватска и ние, граѓаните на Северна Македонија, сме постојано со мислите и стравовите на хрватскиот народ и се молиме за што помалку жртви.  Хрватска и Северна Македонија имаат силни и бројни врски, и заедно ги споделуваме сите среќни и тажни моменти со посебни изрази на сочувство, и како особено блиски народи ќе помогнеме во ублажувањето на последиците од разорната природна катастрофа.

Граѓаните на Северна Македонија никогаш нема да ја заборават подадената рака на Хрватска за време на скопскиот земјотрес кога хрватските граѓани пристигнаа во тогашната заедничка држава во уништеното Скопје за да учествуваат во спасувачки и хуманитарни операции. Стотици бездомни семејства од нашата земја беа прифатени низ цела Хрватска се додека не беа изградени нови домови. Хрватска остана посветен пријател на модерна Северна Македонија на нашиот пат кон модерна европска држава и нашите аспирации да бидеме членка на нашите заеднички семејства во НАТО и ЕУ. Затоа, нашите мисли сега се насочени кон хрватскиот народ и со израз на сочувство и поддршка даваме до знаење дека Хрватска уште еднаш ќе ги надмине предизвиците и со поддршка на пријателите ќе ги залечи раните од земјотресот и ќе го врати мирот на луѓето “, гласи пораката на Заев.

Слично

Поврзани вести